Пленковиќ: Минималната плата во Хрватска следната година ќе изнесува 1.130 евра

Владата на Хрватска денеска усвои Уредба со која ја одреди висината на минималната плата за следната година.

– Одлучивме минималната плата да биде 1.130 евра – изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на отворениот дел од седницата на Владата.

Тој додаде дека минималната заработка денес во Хрватска изнесува 1.050 евра, така што следната година минималната плата ќе биде повисока за 80 евра.

Пленковиќ потсети дека минималната плата од 2016 година пораснала од 414 евра на 1.130 евра.

– Тоа е номинален раст од 173 проценти, а реален раст, кога ќе се одземе инфлацијата, од 97 проценти. Во Хрватска минимална плата примаат 50 илјади работници. Сметаме дека овој предложен раст е реален, ги штити работниците, посебно оние со најниски плати, а исто така води сметка за конкурентноста и потребите на хрватската економија – рече Пленковиќ.

Тој изјави и дека со растот на минималната плата ќе порасне и минималната студентска саатница на 7,06 евра.

Back to top button
Close