ВМРО-ДПМНЕ: Филипче слугува на туѓи агенди, потврда е и тоа што Башановиќ како ПР-шеф, преку соопштенијата на СДС, ја навредува Македонија

СДС и Венко Филипче се длабоко заглавени во српскиот свет и слугувањето на туѓите агенди. СДС и Филипче се ставени во служба на туѓите интереси до степен, претставници на српскиот свет преку нив да ја навредуваат Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се случува извесен период преку ПР службата на СДС, каде за нејзин шеф Филипче и Зоран Заев го избраа Зоран Башановиќ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Преку главните писари на текстовите за соопштенија и прес-конференции на СДС, Башановиќ и Милјан Шчекиќ во македонското општество продира таканаречениот српски свет, за кој Филипче и неговите другари зборуваат.

Дека е така може да се види од бројните соопштенија полни со навреди кон нас и кон државата, со црни сценарија за нејзиниот развој и напредок, полни со србизми и печатни грешки, затоа што Башановиќ и Шчекиќ, кои ги пишуваат, не го владеат добро македонскиот јазик.

Со други зборови тоа што го слушаме од Филипче и СДС кога ја навредуваат Македонија, кога предвидуваат и посакуваат апокалиптични сценарија, кога не сакаат инвестиции и развој на државата, сето тоа е по насока на српскиот или, пак, на бугарскиот свет, на кои им слугуваат.

Тие нарачуваат, СДС и Филипче испорачуваат, и тоа на штета на македонските национални и државни интереси.

СДС, Филипче и Заев никој во државата ни ги сака, граѓаните не ги гласаат на избори, по многуте криминали и предавства, веќе никој не им верува, па како давеник за сламка, се продаваат и одработуваат за туѓи политички агенди.

Едниот аболициран криминалец со тапија, другиот со предмети кои нивните платеници во правосудството ги чуваат во фиока.

Затоа, наместо да се ангажираат и да работат во интерес на државата, одработувајќи за странски служби, работат на штета на интересите на граѓаните и ја потчинуваат државата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close