Иранскиот врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, бара масивен воен одговор во случај на нов американски напад

Иранскиот  Врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, денеска им нареди на вооружените сили веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана, со цел да се постигне максимално одвраќање, пренесуваат иранските медиуми.

Според медиумските извештаи, по средбата со воените команданти Хамнеи изјавил дека нема да има „географски ограничувања“ и дека Иран ќе диктира кога и под кои услови ќе заврши конфликтот со САД.

Врховниот лидер, исто така, наредил да се ажурира списокот со потенцијални цели, пренесува ДПА, додавајќи дека во него треба да бидат вклучени сите видови материјални и нематеријални средства на САД и Израел што се наоѓаат во дофат на војската.

Наредбата на Хамнеи доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп, наводно, добил брифинг за можните воени опции во однос на Иран, за време на ретка средба во живо со адмиралот Бред Купер, шеф на Централната команда на САД (CENTCOM), која е одговорна за Блискиот Исток.

„Волстрит џурнал“ ја опиша оваа средба како показател дека е можна нова голема воена операција од страна на САД, пренесува ДПА.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close