ВИДЕО Експозитурите на Алта банка Битола од утрово затворени, група граѓани бара да влезе да си ги подигне парите

Граѓани утрово чекаат во редици пред Алта банка во Битола, барајќи да влезат и да ги подигнат своите средства, објави Телма телевизија. Незадоволни се од ограничувањето на располагањето со парите и велат дека со 10.000 денари неделно не можат да ги покријат основните трошоци.

Дел од присутните инсистираат да бидат пуштени во банката, иако експозитурите на Алта банка АД Битола од денеска привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.

Според известувањето на Телма, граѓаните реагираат на одлуката на Народната банка со која располагањето со средствата им е ограничено на 10.000 денари неделно. Посочуваат дека имаат сметки за плаќање и други обврски што не можат да ги одложат, а дозволениот износ го сметаат за недоволен.

Во изјавите за телевизијата, граѓаните прашуваат колку време ќе им биде потребно за да ги подигнат парите што ги чуваат во банката доколку остане ваквото ограничување. Нивната загриженост се однесува и на можноста навреме да ги подмират тековните трошоци.

Некои од оние што утрово чекаат пред банката велат дека поради страв сакаат да ги повлечат сите свои средства.

Привременото затворање на експозитурите за работа со клиенти е до дополнително известување, без наведен датум за повторно отворање.

Back to top button
Close