СДСМ од Битола: Граѓаните се во неизвесност и без пензии по скандалот со Алта банка


Денеска е тежок ден за граѓаните на Битола, овде сме заедно со нив, луѓето имаат мака, огромен проблем по избивање на скандалот со Алта банка, се наведува во соопштението на СДСМ од изјавата на генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ од Битола, кое МИА го пренесува интегрално.

Загриженост и неизвесност, за своите пари, заштеди и за финансиската сигурност. Овие луѓе имаат мака затоа што имаме арамиска власт која им го создаде проблемот, Мицкоски и ВМРО-нивната организирана криминална група. Денеска го нема Мицкоски во Битола, избегал дури во Германија. А го нема ниту Трајко Славески. Арамиите направија хаос и сега наместо за граѓаните, нормално го штитат криминалниот капитал. Ние предупредувавме уште пред 11 месеци колку е ова опасно, банката на Вучиќ со криминални пари и криминален капитал да влезе во Македонија.

Денеска, цената ја плаќаат граѓаните, пензионерите, кои се без пари, и тие 10 илјади денари со кои треба да живеат а ниту тие дали ќе можат да ги извадат. Сметки, струја, греење, храна, лекови. Пензионерите, еве го втори е, остануваат без пензии. Експозитутрите се затворени, банкоматите се празни, нема картички. Ниту тие 10 илјади немаат како да ги извадат.

Луѓе без картички не можат да стигнат до своите пари бидејќи експозитурите не работат. Многу банкомати се празни, а на другите се чекаат редови со часови.

Ако се сака да се заштитат штедачите, треба да им се дозволи да си ги подигнат своите заштеди во целост. Но оваа криминална власт им за цел да го заштити капиталот на криминалците, на сметка на гаѓаните чии депозити се заробени.

Мора да има истрага и мора да има одговорност, и од Мицкоски и од Трајко Славески.

Прв чекор кон решавање на овој скандал е Славески да даде оставка, да се отвори истрага.

Бараме ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките на пензионерите на Алта банка, за да се заштитат.

Бараме целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорност.

Димитријевиќ : ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките во Алта банка, пензионерите мора да бидат заштитени

Димитријевиќ порача дека поради состојбата со Алта банка и неможноста граѓаните да подигнат пари од своите сметки, ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките во Алта банка, со цел да се заштитат пензионерите и да им се овозможи сигурен пристап на граѓаните до нивните средства.

Тој посочи дека по скандалот со Алта банка, граѓаните се соочуваат со неизвесност за своите пари и заштеди, а особено загрижувачка е состојбата на пензионерите кои не можат да ги подигнат своите пензии.

„Бараме ПИОМ да не се исплаќа пензија на сметките на пензионерите на Алта банка, да се заштитат“, порача Димитријевиќ.

Тој додаде укажа дека поради неодговорноста на власта пензионерите кои имаат сметки во Алта банка, не можат да си ги подигнат пензиите, кои им се основни приходи за живот, а Мицкоски го штити капиталот на криминалците.

„Пензионерите, еве го втори е, остануваат без пензии. Експозитурите се затворени, банкоматите се празни, нема картички. Ниту тие 10.000 денари немаат како да ги извадат. Луѓе без картички не можат да стигнат до своите пари бидејќи експозитурите не работат. Многу банкомати се празни, а на другите се чека со часови. Сметки, струја, греење, храна, лекови. Ако се сака да се заштитат штедачите, треба да им се дозволи да си ги подигнат своите заштеди во целост. Но оваа криминална власт им за цел да го заштити капиталот на криминалците, на сметка на гаѓаните чии депозити се заробени“, рече Димитријевиќ.

Димитријевиќ посочи дека граѓаните на Битола се соочуваат со сериозни проблеми по скандалот со Алта банка, што предизвика загриженост за нивните заштеди и финансиската сигурност.

„Денеска е тежок ден за граѓаните на Битола, овде сме заедно со нив, луѓето имаат мака, огромен проблем по избивање на скандалот со Алта банка. Загриженост и неизвесност, за своите пари, заштеди и за финансиската сигурност. Овие луѓе имаат мака затоа што имаме арамиска власт која им го создаде проблемот, Мицкоски и ВМРО-нивната организирана криминална група“, изјави Димитријевиќ.

Димитријевиќ порача дека мора да има истрага и одговорноста Мицкоски и Славески.

„Мора да има истрага и мора да има одговорност, и од Мицкоски и од Трајко Славески. Прв чекор кон решавање на овој скандал е Славески да даде оставка, да се отвори истрага“, порача Димитријевиќ.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Back to top button
Close