(ВИДЕО) Како сопругата на Таравари доби предност на конкурсот за доцент на државниот универзитет „Мајка Тереза

Кон крајот на минатиот месец, рецензентска комисија при Универзитетот „Мајка Тереза“ ја предложи Нора Таравари – сопруга на ексминистерот за здравство Арбен Таравари, за доцент.

За случајот, дел од јавноста слушна бидејќи тој доби политички контекст. Во објава на Фејсбук, пратеничката од ВЛЕН, Саранда Имери Стафаи, обвини дека се доведува во прашање изборот според заслуги.

Според јавните податоци, ова е кандидат без претходно високообразовно искуство… Ако ова е стандардот за ‘меритократија’ и ‘принципи’ што ни ги проповеда Таравари, тогаш се чини дека критериумите се промениле.Толку од меритократијата. Толку од принципите,
напиша Имери Стафаи.

Подалеку од очите на јавноста, се појавија и други, неполитчки сомнежи. Кандидатите кои аплицираа за истото место тврдат – рецензетската комисија спровела несоодветна постапка.

Ова е конкурсот на Универзитетот „Мајка Тереза“ објавен на 22 септември 2026 година за, меѓу другото, избор на доцент од областа на европските интеграции. Не е објаснето зошто се брзало толку, но рокот за поднесување документи траел само три дена, до 25 септември. А, не се барале малку документи – вкупно девет. Меѓу нив и здравствено уверение за работна способност.

И покрај кратките рокови, на конкурост се пријавиле тројца кандидати. Покрај споменатата Нора Таравари, кандидатури поднеле Дениз Мемеди и Ќазиме Шерифи, двајцата со неколкугодишно искуство како надворешни предавачи на „Мајка Тереза“ токму од областа на европските интеграции.

Пријавите ги разгледувала рецензентска комисија од тројца професори – Фати Исени од универзитетот „Мајка Тереза“ и Абдула Азизи и Етем Азири од Универитетот на Југоисточна Европа.

Нивната одлука, односно препорака, е објавена во билтенот 88. Таму само се констатира дека има три кандидатури, а оценета и образложена е само на кандидатката што ја предложиле за избор до наставно научниот совет на Правниот факултет во рамките на универзитетот – Нора Таравари.

Комисијата ги прегледа поднесените пријави на тројцата кандидати и констатира дека единствено кандидатката д-р Нора Таравари ги исполнува општите услови за избор во наставно-научни звања согласно Законот за високо образование, со акцент на чл. 166 став 1 точка 2 од Законот за високо образование,
пишува во рефератот на комисијата.

Извадок од рефератот на Рецензентската комисија
Во документот на ниту едно место не е објаснето зошто останатите кандидати, кои патем во моментов предаваат на универзитетот, не ги исполнуваат условите. Па, рефератот понатаму се занимава само со квалификациите на Таравари.

Веќе во следниот билтен на Универзитетот, објавен е приговор на кандидатката Ќазиме Шерифи. Таа, на 11 страници, по повеќе основи го оспорува не само рефератот на Рецензентската комисија, туку го става под знак прашање и нејзиниот состав.

Барам наставно-научниот совет да ги прибави и да ми ги достави на увид да ги разгледам актите за избор во наставно-научни звања на членовите на Комисијата и да утврди дали најмалку двајца од тројцата членови се избрани во истата научна област за која е распишан конкурсот,

пишува Шерифи во приговорот.

Извадок од приговорот на кандидатката на конкурсот, Ќазиме Шерифи
Понатаму, Шерифи става под знак прашање оредени аспекти од изборот на Нора Таравари. На пример, дека не е наведено со колкав просек ги завршила студиите, што е фактор за избор на конкурсот, а го става под знак прашање и бодувањето на нејзините стручни трудови кои се работени во коавторство и често на теми кои тешко може да се доведат во врска со европските интеграции.

Клучната основа за приговорот на Шерифи, сепак, е фактот дека без образложение е исфрлена од трката.

Доколку комисијата сметала дека не исполнувам определен законски услов, била должна да наведе кој услов не е исполнет, кои конкретни факти ги утврдила и врз основа на кои докази го заснова својот заклучок… Како единствено конкретно наведена законска основа за исклучување на мојата кандидатура, комисијата го посочува член 166 став 1 точка 2 од Законот за високо образование кој се однесува на стекнат научен степен доктор на науки од научната област за која се врши изборот. Сметам дека ваквиот закчучок е нецелосен и необразложен,

наведува Шерифи.
Во тој контекст, Шерифи наведува дека има дипломирано политички науки со просек 9,44 на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, а на истиот факултет магистрира и докторира во истата област. Има стручни трудови и изведувано настава по повеќе предмети поврзани со европските интеграции, што смета дека е особено значајно за конкурсот.

Веднаш под нејзиниот приговор, е објавен и одговор од Рецензентската комисија. На споменатите и бројните неспоменати забелешки, нови податоци има само за успехот на предложената кандидатка – Нора Таравари.

“Кандидатката д-р Нора Таравари има завршено додипломски студии по право на Факултет за правни и политички науки на Универзитетот ФОН со просечен успех 8,82, како и магистерски студии по европска интеграција на УКИМ со просечен успех 8,75“

пишува во одговорот на комисијата.

Одговор од Рецензентската комисија на приговорот
Во одговорот на приговорот, Комисијата повторно го цитира членот од Законот за високо образование кој пропишува дека при избор на наставно-научно звање доцент, потребно е кандидатот да има докторирано во соодветна научна област. Но повторно, изостанува образложението, кој услов не го исполниле останатите кандидати.

„360 степени“ побара коментар и од двајцата кандидати кои не беа избрани. Ќазиме Шерифи вели дека нејзините аргументи за конкурсот се содржани во приговорот.

Ќазиме Шерифи (од лево) и Дениз Мемеди (од десно)
Во писмена изјава за „360 степени“, Дениз Мемеди посочи дека не успеал да поднесе приговор поради итни семејни обврски. Но, и тој го дели ставот дека комисијата направила пропусти.

„Согласно член 173, точка 8 од Законот за високото образование, комисијата има обврска да изготви писмен извештај за сите пријавени кандидати, при што треба да ги оцени достигнувањата на секој од нив. Во конкретниот случај, оценет е само еден кандидат, додека двете други апликации се заобиколени. Убеден сум дека надлежните органи на Универзитетот ќе ги утврдат пропустите и ќе ја вратат постапката на повторно разгледување, со цел сите кандидати да бидат оценети под еднакви услови и според исти критериуми“

вели Мемеди.
Мемеди додава дека и неговата кандидатура се темели на јасен академски континуитет во областа на политичките науки и меѓународните односи. На факултетот предавал предмети директно поврзани со европските интеграции, што смета дека е значаен сегмент од педагошкото и академското искуство во самата институција, а не било земено предвид од комисијата.

„Додипломските студии по политички науки на Универзитетот на Југоисточна Европа ги завршив со просек 9,87, магистерските по дипломатија со просек 9,89, а докторските по политички науки и меѓународни односи на државниот Универзитетот „Јилдиз Техник“ во Турција со просек 9,51. Сметам дека моето академско образование во целост соодветствува на областа од отворениот конкурсот“,

додава Мемеди.
Се обративме и до ректоратот на Универзитетот „Мајка Тереза“. Од ректорот Беким Фетаи добивме одговор дека постапката за избор не е завршена и дека се уште не можат да споделат повеќе детали за конкурсот.

„Ве известуваме дека постапката на избор по наведениот конкурс се уште е во тек, односно надлежните органи се уште немаат донесено конечна одлука за избор на кандидат. По завршувањето на постапката и донесувањето соодветна одлука од страна на надлежните органи, ќе бидеме во можноста да Ви доставиме подетални информации и одговори на поставените прашања“

пишува во одговорот од Правната служба на Универзитетот „Мајка Тереза“.

Универзитет „Мајка Тереза“
Постапката ја држи отворена и Ќазиме Шерифи. Во телефонски разговор не информираше дека веќе доставила жалба до Сенатот на Универзитетот „Мајка Тереза“. Во жалбата бара да се преиспита не само одговорот, туку и материјалната законитост на целокупното вреднување при предлогот за избор. Очекува формирање нова комисија и преиспитување на изборот.

Шерифи потенцира и дека со приговорот не ги спори личните и академските права на останатите кандидати, туку бара законито, објективно и транспаретно спроведување на изборот.

СПОДЕЛИ
Share
TweetКон крајот на минатиот месец, рецензентска комисија при Универзитетот „Мајка Тереза“ ја предложи Нора Таравари – сопруга на ексминистерот за здравство Арбен Таравари, за доцент.

Back to top button
Close