„Алта банка“ повторно го активираше мобилното и електронското банкарство
Мобилното и електронското банкарство на „Алта банка“ АД Битола повторно се во функција, информираат од банката.

Во оваа фаза, клиентите преку овие услуги можат да ја следат состојбата на своите сметки и да имаат увид во расположливите средства, додека останатите функционалности сè уште не се достапни.
Од банката посочуваат дека интензивно работат на постепено воспоставување на сите услуги и целосно враќање на функционалноста на мобилното и електронското банкарство. За секоја нова промена клиентите ќе бидат навремено информирани.






