Покрената петиција за воведување електронска алка за следење на насилниците
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Марија Зајкова, информираше дека по барање на граѓаните е подготвена петиција со која се бара воведување електронска алка за следење на сторителите на насилство.

Зајкова ги повика граѓаните да ја поддржат иницијативата и да ја потпишат петицијата, со која се бара воведување дополнителна мерка за следење на лицата што вршат насилство.






