Судењето за убиството на Чарли Кирк закажано за јуни 2028 година; Процесот ќе трае 105 денови
Судијата од Јута, Тони Граф, донесе долгоочекувана одлука за датумот на судењето на Тајлер Робинсон, обвинет за убиство на конзервативниот активист Чарли Кирк, закажувајќи го за јуни 2028 година, откако обвинителството и одбраната предложија значително различни датуми за судење.

Граф изјави дека судењето на Робинсон ќе почне на 21 јуни 2028 година, а за процесот се предвидени 105 денови.
Робинсон (22) е обвинет за убиство на 31-годишниот Чарли Кирк на 10 септември 2025 година, за време на собир на Универзитетот Јута, пукајќи кон него со пушка од покривот на зграда преку кампусот.
Обвинителите на округот Јута го предложија 31 јануари 2028 година како претпочитан датум во судските поднесоци и усните аргументи, истакнувајќи дека тие би можеле да бидат готови уште во октомври 2027 година.
Обвинителите претходно изјавија дека имаат намера да бараат смртна казна за Робинсон, јави Си-Ен-Ен.
Робинсон се изјасни за невин по обвиненијата во септември, по долго прелиминарно сослушување во јули. Неговиот одбранбен тим предложи крајот на 2029 година како прелиминарен датум за почеток на судењето






