САД повлекле авиони од втора воена база во Велика Британија поради закана од Иран

Американската војска за околу еден месец ги повлече своите авиони од втора воздухопловна база во Велика Британија поради закана од Иран, пишува денеска американскиот весник „Волстрит џурнал“.

Британските медиуми пренесуваат дека откако на почетокот на октомври, бомбардерите „Б-1“ на американските воздухопловни сили беа повлечени од базата „Ферфорд“ во Глостершир, сега истото се случува и со леталата од базата „Милденхол“ во Сафолк.

Кон крајот на септември, пет британски државјани беа приведени поради наводен заговор за напад врз базата „Ферфорд“. Таа беше користена од американските бомбардери како појдовна точка за нападите против Иран во војната што започна на 28 февруари оваа година, потсетуваат британските медиуми, додавајќи дека главните сомневања за заговорот паднаа врз Техеран.

Два американски воени товарни авиони за полнење гориво со седиште во британската воздухопловна база „Милденхол“ минатата среда заминаа за Германија, а уште неколку се упатија во истата насока и кон други локации, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.

„Не коментираме за активностите на други земји. Авионите и другите средства редовно се преместуваат од локација до локација од оперативни причини“, изјави портпаролот на британското Министерство за одбрана, цитиран од британските медиуми.

Back to top button
Close