Бројот на загинати во верижната сообраќајна несреќа во Бугарија се искочи на 10

Бројот на загинати во верижната сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“ во Бугарија, во близина на градот Јамбол, надминал 10 лица, соопшти обласниот управител Георги Чалаков за Бугарската телеграфска агенција (БТА).

Screenshot

Во болницата во Јамбол се хоспитализирани 11 повредени, од кои повеќето се во тешка состојба. Според заменик-директорот на болницата, д-р Валентин Валчев, седуммина имаат повеќекратни повреди, а тројца се здобиле со скршеници на екстремитетите. Проценката на здравствената состојба на останатите пациенти сè уште трае.

Поради сериозноста на несреќите, воен транспортен авион „Спартан“ полетал кон Бургас и е ставен во подготвеност за евентуален транспорт на повредените, потврдиле од бугарското Министерство за одбрана.

Во судирите учествувале повеќе од 50 патнички и товарни возила, меѓу кои и цистерни. Несреќите се случиле на делницата меѓу клучките „Зимница“ и „Кабиле“, при густа магла и значително намалена видливост.

Автопатот е затворен во двата правца, а сообраќајот се пренасочува по алтернативни патишта.

Back to top button
Close