Од 15 ноември задолжителна зимска опрема: Казна од 45 евра за возачите што нема да ја почитуваат обврската

Од 15 ноември започнува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2027 година. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови се соочуваат со парична казна од 45 евра во денарска противвредност.

За патничките возила со најголема дозволена маса до 3.500 килограми предвидени се две можности за исполнување на обврската.

 

— реклама —

 

Првата е користење зимски пневматици на сите четири тркала, со длабочина на шарата од најмалку четири милиметри.

 

LANDOV Петров бара проверка на имотот на политичарите: Нека проверат и како јас сум го стекнал

Втората можност е возење со летни пневматици, исто така со минимална длабочина на шарата од четири милиметри, но во тој случај возачите задолжително мора да поседуваат синџири за снег со соодветна големина за погонските тркала.

 

— реклама —

 

Тоа значи дека зимските гуми не се единствен услов за исполнување на законската обврска, но возачите што користат летни мора да ги имаат и пропишаните синџири за снег.

Надлежните потсетуваат дека зимската опрема не е важна само за избегнување казни, туку пред сè за безбедноста на патиштата, особено во услови на ниски температури, дожд и снег.

Back to top button
Close