Се будат и загрепскитe студенти: „Осум минути молк“ по убиството на Кристијан Јосип Периш

Настанот е закажан за сабота, 14 ноември, во 12:00 часот, на плоштадот „Петар Прерадовиќ“, попознат како „Цветен плоштад“. Во исто време осум минути молк се организираат и во Осиек и Сплит.
Организаторите ја повикуваат јавноста да им се придружи во осумминутен молк – за да се оддаде почит на споменот на младиот човек, да се покаже солидарност со неговите блиски и да се побара целосно расветлување на околностите околу неговата смрт.
„Осум минути молк за еден млад живот згаснат прерано. Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат во осумминутен молк за Кристијан – во негов спомен, во знак на солидарност со неговите блиски и за да побараме околностите на неговата смрт во Психијатриската клиника ’Јанкомир‘ да добијат одговори какви што јавноста заслужува“, наведоа од иницијативата во објава на Инстаграм.
„За Кристијан. За вистината. За одговорноста. Да застанеме заедно – во тишина што зборува многу“, порачаа организаторите.
Четворица медицински техничари – Матија Враговиќ, Ноа Хренар, Младен Лончар и Иван Брлиќ – се осомничени за тешко убиство во овој случај и моментално се наоѓаат во истражен притвор. објавува Журнал.мк






