„СОН НА БАЛОН“ ОД АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА ПРОМОВИРАНА ВО ТИРАНА

Илустрираната книга за деца „Сон на балон“ од Александра Велинова промовирана во Македонскиот –културно информативен центар во Тирана. „Сон на балон“ обработува актуелна тема –ИСЕЛУВАЊЕТО. Речиси и да нема дете што нема роднини, пријатели, блиски што живеат во странство. Алексеј се охрабрува да се качи во волшебниот балон и да тргне во потрага по своите другарчиња што се преселиле во Германија, Италија, Франција, Австралија, Канада… Ќе слета на фудбалски терен, ќе се обиде да сурфа, ќе јаде пица во Италија, ќе лета над Нијагарини водопади и ќе разговара со гулабот неговиот туристички водич.

-„Сон за балон“ е хумористична, едукативна, емотивна и топла приказна која зборува за пријателството и моќта на детската фантазија. Отвора важни теми за растењето, иселувањето, пријателството на далечина и чувството на припадност „Сон на балон“ е наменета за деца, но носи силна порака и за возрасните – дека домот не е само место, туку чувство кое го носиме во себе – вели Велинова.

Преку авантура, најмладите читатели ќе учат за различни земји, култури, симболи, па и за историјата.

Автор на илустрациите е Никола Темков.

„Сон на балон“ е преведена и на албански јазик.

 

 

 

Back to top button
Close