(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје нема да биде заложник на вандали, МВР да ги провери снимките

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, бара итна реакција од Министерството за внатрешни работи по палењето на повеќе контејнери во Ново Лисиче и на булеварот „Македонско-косовска бригада“.

Во објава на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски наведува дека контејнерите биле запалени и покрај неодамнешната набавка на 3.300 нови контејнери, оценувајќи дека станува збор за уништување на заеднички имот платен со парите на граѓаните.

Тој побара МВР веднаш да ги провери снимките од системот „Безбеден град“, да ги открие одговорните и да испита дали палењата биле организирани и политички мотивирани.

Ѓорѓиевски најави дека наскоро ќе заврши и поставувањето на 200 градски камери, кои, според него, треба да придонесат за подобар надзор и откривање на ваквите случаи.

„Скопје нема да биде заложник на вандали. Барам одговорност!“, порача градоначалникот, повикувајќи ги граѓаните да го чуваат градот и да пријавуваат случаи на вандализам. о

Back to top button
Close