Почина поранешниот македонски фудбалер


Со тага и неверување одекна веста за смртта на Владимир Секуловски, поранешен македонски фудбалер кој остави значаен белег во македонскиот спорт.

Секуловски, роден во 1980 година, во текот на својата кариера настапуваше за неколку познати македонски клубови, меѓу кои Вардар, Тетекс, Слога Југомагнат и Работнички.

Зад себе остави бројни успеси, освоени шампионски титули и куп-трофеи, со што се вброи меѓу имињата кои оставија трага во домашниот фудбал.

Тетовo и македонската фудбалска јавност повторно се соочуваат со огромна загуба. Само два дена по трагичната смрт на Агрон Мемеди, градот под Шара е погоден од уште една тажна вест, заминувањето на уште едно препознатливо фудбалско име.

Македонскиот фудбал останува без уште еден свој човек, а зад него остануваат спомените за кариерата, успесите и спортскиот белег.

Нека почива во мир Владимир Секуловски. Искрено сочувство до семејството, пријателите и сите кои го познаваа.

Back to top button
Close