Поранешниот бугарски премиер порача: Историските теми нека ги решаваат историчарите, а Северна Македонија да влезе во ЕУ.

Историските спорови треба да бидат во рацете на историчарите, додека политичарите треба да се посветат на практичните прашања и европската иднина на Македонија. Ова е пораката на поранешниот бугарски премиер Симеон Сакскобурготски, кој смета дека дијалогот и добрососедските односи се од корист за сите.

Screenshot

Одговарајќи на новинарско прашање каков совет би ѝ дал на Македонија на патот кон Европската Унија, Сакскобурготски истакна дека разговорите со политичките претставници се позитивни и дека треба да се вложуваат напори за унапредување на односите.

„Сметам дека многу теми би требало да ги следат и разгледуваат историчарите, а ние да гледаме напред, кон практичното и Северна Македонија да влезе во Европската Унија“, изјави тој, пренесува бугарскиот портал „Актуално“.

Back to top button
Close