Јован Крлев: Јас го организирав протестот за Сара, но не за функција и лага е дека бил „загушен“

📢 Сакам лично да се обратам, пред сè како Јован Крлев, млад човек и граѓанин на Охрид, а потоа и како секретар на Општинската организација на СДСМ во Охрид, кој беше задолжен за организацијата на вчерашниот протест против насилството врз жените и фемицидот.

Да, протестот беше организиран од политичка партија – СДСМ. Тоа никој не го крие, ниту има причина да го крие.

🤝 Но, како човек кој беше директно задолжен за организацијата, сакам да нагласам дека пристапив со огромно внимание, одговорност и една јасна намера: да бидат повикани СИТЕ, без разлика на вера, националност, пол или партиска определеност.

Сметам дека е сосема зрело, одговорно и демократски легитимно една опозициска партија да организира протест против насилството. Затоа што насилството не е и никогаш не смее да биде само партиско прашање.

Протестот беше за Сара, за сите претходни жртви на фемицид, за сите жени што претрпеле насилство и за сите оние што сè уште живеат во страв.

 

❗ И тука доаѓаме до еден апсурд.

Зарем само затоа што не ви се допаѓа кој го организирал протестот, треба да останете дома? Зарем партиската определеност треба да биде поважна од свесноста за борбата против насилството?

Многумина од вас, кои ги имам како пријатели на социјалните мрежи, објавувавте политички приказни, коментари и ставови, а истовремено обвинувавте за политизација. Малку иронично, нели?

А особено интересни ми се обвинувањата дека сме биле „лешинари“, дека сме ја искористувале трагедијата за политички поени.

🤔 Еве, јас лично го организирав протестот. И што сега? Готово, ми ја дадоа фотелјата? Станав министер? Собрав политички поени и си обезбедив функција?

Ако некој навистина мисли дека организирањето протест против насилството е пат до политичка фотелја, тогаш сериозно треба да размислиме што значат човечноста, солидарноста и општествената одговорност.

✊ Не организирав протест за функција. Не повикував луѓе за политички поени. Организирав протест затоа што молчењето пред насилството не смее да биде опција.

📰 И уште нешто, до дел од медиумите и порталите што објавуваат дека протестот бил „загушен“, неуспешен или со мала посетеност.

⁉️ Ако околу 250 до 300граѓани се малку за еден протест, тогаш колку пишува по учебник дека се доволно ?

Од кога борбата против насилството се мери исклучиво со бројот на присутни?

Зарем 250 до 300 граѓани што одлучиле јавно да го кренат својот глас не заслужуваат почит?

И зарем е поважно колку луѓе имало, отколку пораката што тие луѓе ја испратиле?

👥 А оние што тврдат дека протестот бил исклучиво партиски собир, требаше да бидат таму и лично да видат што се случуваше.

🌍 На протестот имаше граѓани од различни националности, различни вероисповеди, различни генерации и различни политички убедувања.

Се обратија граѓани од различни верски заедници, а пораката беше иста – СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО!

Имаше и деца со свои транспаренти, кои не беа претходно договорени со нас како организатори, ниту беа дел од некаква партиска организација.

Но, не беа само децата. Имаше и други граѓани кои дојдоа по сопствена иницијатива, без претходен договор со организаторите.

🤝 Токму тоа ја покажува суштината на протестот – луѓе од различни вери, националности, генерации и политички определби, обединети околу една човечка кауза.

Ниту еден од говорниците не повикуваше на партиски поделби. Напротив, сите повикуваа на единство, без разлика на политика, вера и националност.

🕊️ Таму немаше поделба на наши и ваши. Имаше граѓани што застанаа против насилството.

 

Свесноста за борбата против насилството мора да биде поголема од секоја партиска определеност.

И на крај, не мора да го сакате СДСМ. Не мора да се согласувате со мене. Не мора да поддржувате ниту една политичка партија.

Но, кога станува збор за насилство врз жени и изгубени човечки животи, најмалку што можеме е да застанеме заедно.

✊ ЗАТОА ШТО БОРБАТА ПРОТИВ ФЕМИЦИДОТ НЕ СМЕЕ ДА ИМА ПАРТИСКА БОЈА!

А ЧОВЕЧНОСТА НЕ СМЕЕ ДА ЗАВИСИ ОД ТОА КОЈ ГО ОРГАНИЗИРАЛ ПРОТЕСТОТ! ❤️

Јован Крлев

Фејсбук статус

Back to top button
Close