Кристијано Роналдо промаши пенал, но е сѐ поблиску до 1.000 голови


Кристијано Роналдо го постигна својот 986. гол во кариерата, вечерва, на дуелот од 12. коло од лигата на Саудиска Арабија. Тој погоди за водство на својата екипа во 14. минута, а четири минути подоцна не реализираше пенал односно ја погоди стативата.

Сега Португалецот има само уште 14 голови до 1.000.

До крајот на натпреварот противникот успеа да постигне три голови и да постигне победа од 3:1.

По денешниот пораз клубот на Роналдо ја прекина серијата од четири победи и остана на третото место на табелата во професионалната лига на Саудиска Арабија.

Back to top button
Close