Изменет сообраќаен режим во Битола, забрана за паркирање на повеќе улици од 8 до 23 часот

– На подрачјето на Општина Битола денеска ќе биде спроведен изменет режим на сообраќајот во одредени реони во градот.
Од Секторот за внатрешни работи Битола апелираат за почитување на сообраќајните правила и прописи за безбедно одвивање на сообраќајот, како и насоките што ќе ги даваат полициските службеници во делот на сообраќајот.

Соопштение до јавноста и посебно до учесниците во сообраќајот испратија и од јавното претпријатие „Паркизни“ Битола, од каде информираат дека заради присуство на странски делегации во градот, денеска од 8 до 23 часот, паркирањето нема да биде дозволено на улиците Филип Втори Македонски, булевар 1-ви Мај, улиците Столарска, Добривое Радосавлевиќ, Никола Тесла, Димитар Илиевски Мурато, Македонска Фаланга, Вардарска и Солунска.






