(ВИДЕО) Судија заменет на полувреме – судел пијан во Лига на шампиони

Голем скандал на натпреварот во азиската Лига на шампиони меѓу екипите на Ал Џазира од Обединетите Арапски Емирати и Гол Гохар од Иран.

Во главна улога беше првиот судија – Хана Хатаб од Сирија кој беше заменет на полувремето, по протестите на претставниците на двата клуба.

Тие тврдеа дека арбитерот се однесувал невообичаено, најверојатно судел пијан.

 

Во 32. минута Хатаб му покажа жолт картон на голманот на Ал Џазира – Ерсин Дестаноглу, по прекршок на негов соиграч.

Одлуката предизвика бурни реакции кај домашните фудбалери и стручниот штаб, а натпреварот бил прекинат 4 минути.

Иранскиот клуб реагираше и предупреди дека нивните играчи нема да го продолжат натпреварот доколку Хатаб остане главен судија.

По реакцијата, неговото место го презема четвртиот судија, па средбата продолжи.

Back to top button
Close