Детали за сообраќајката на скопската обиколница: има повредени, судирот е помеѓу три возила

Три возила учествувале во сообраќајна незгода што вечерва се случила на скопската обиколница „Мајка Тереза“, по клучката Радишани, во правец кон Тетово. Во незгодата има пет повредени лица кои се хоспитализирани.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека незгодата била пријавена во СВР Скопје во 19:10 часот.
„Денеска (27.11.2026) во 19:10 часот во СВР Скопје пријавена е сообраќајна незгода на обиколница ‘Мајка Тереза’ после клучка Радишани во правец кон Тетово, помеѓу три возила, ‘опел’ со скопски регистарски ознаки, ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки и ‘ауди’ со косовски регистарски ознаки“, информираат од МВР.
LANDOV Петар: Архиепископот Стефан требаше да оди во Русија, иако можеби немал кондиција да служи
Поради сообраќајната незгода, сообраќајот во правец кон Тетово се пренасочува кај клучката Радишани.
LANDOV Петар: Се мешам и ќе се мешам во политика ако е во прашање идентитетот
Од полицијата посочуваат дека се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата.
Засега нема информации за точниот број на повредени лица, ниту за тежината на нивните повреди.
Видео на следниот линк






