Брутално претепана жена со деформиран лик од удари вечерва донесена во Ургентен центар

Брутално претепана жена со повреди и деформиран лик од бројни и страшни удари, вечерва е примена во Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, дознава „Слободен печат“ од два извори кои сведочат за исклучително лошата состојба во која била примена пациентката.
-Пациентката е на иследување, има повреди на градниот кош и на главата, деформитети на лицето. Настанот се случил вчера ама денес е пријавено. Полицијата е известена и разговара со неа. Жената е од Гостивар, изјави за „Слободен печат“ доктор Дејан Здравковски, супспецијалист по трауматологија и општа хирургија, и раководител на Ургентниот хируршки центар.
Уште траат иследувањата на пациентката.






