Црвен аларм во Грција поради силно невреме, Атина и повеќе региони под предупредување објави Скопје1.мк

Грчките власти издадоа црвено метеоролошко предупредување за повеќе региони во земјата поради невремето „Аргос“, кое денеска се очекува да донесе обилни дождови, грмежи и силни ветрови.
Предупредувањето ги опфаќа Атика, каде што се наоѓа Атина, Евија, Спорадите, Лариса, Магнезија, Беотија и Фтиотида. Во текот на денот невремето се очекува да се прошири и кон делови од Пелопонез.
Особено силни ветрови се прогнозираат во Егејското Море, каде што налетите на северен и североисточен ветер може да достигнат до 10 бофори.
Жителите на неколку региони уште во саботата добиле предупредувања преку системот 112, соопшти грчкиот јавен сервис ЕРТ. објави Скопје1.мк






