У19: Втора победа на македонските фудбалерки во евроквалификациите, совладан Азербејџан

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја забеежла втората победа во квалификациите за пласман на Европското првенство, совладувајќи го попладнево Азербејџан со 2-0.

До втората победа на квалификацискиот турнир што се одржува во Стара Пазова, избраничките на селекторот Кирил Изов дојдоа со головите на Калина Попески во 11. минута и автоголот на Елисавета Вајсман во 31.минута.

По стартната победа над Црна Гора со 7-3, македонските фудбалерки се првопласирани во групата Б3 со максимални шест бодови, три повеќе од второпласираната Србија, која попладнево се среќава со Црна Гора.

Македонските фудбалерки во последното, трето, квалификациско коло ќе играат против домаќинот Србија, в среда со почеток во 13 часот.

Back to top button
Close