Општина Карпош ја почна пролетната акција на садење дрвја
Со садење јавори и чемпреси долж течението на реката Вардар во населбата Карпош 4 почна пролетната акција за засадување 55 висококвалитетни дрвја.
Од општина Карпош информираат дека сите зимзелени и листопадни дрвја се со висина од 3, 5 до 4 метри.
– Комуналните служби на Општината продолжуваат со зголемување на меѓублоковското зеленило (зеленилото меѓу зградите). На овој начин се придонесува и кон облагородување на јавните површини и зголемување на зелениот фонд на Карпош, велат од Општината.
Според најавите, раззеленувањето ќе продолжи и во следните денови во останатите населби во општината.
Изминатиот период се засадени 643 нови дрвја, како и 1.872 украсни растенија.