Стечајниот управник на Еуростандард банка тврди дека нема физичко или правно лице со депозит или депозити во вредност од седум милиони евра

Соопштение на Душко Тодевски, стечаен управник на Еуростандард Банка

Имајќи предвид дека во текот на изминатиот месец, во повеќе објави се пласира неточна информација дека депонент – физичко лице во Еуростандард Банка имал депозит – заштеда во износ од 7 милиони евра, како стечаен управник се чувствувам должен да Ве известам Вас и севкупната јавност дека во Еуростандард Банка со состојба 12 август 2020 година нема депонент физичко лице со депозит во износ од 7 милиони евра ниту депонент – физичко лице којшто има повеќе депозити во Банката во вкупен износ од 7 милиони евра и нема депонент правно лице со депозит во износ од 7 милиони евра.

Оттука, во корист на точно информирање на депонентите, доверителите и севкупната јавност замолувам да не се пласира неточна информација дека депонент во Еуростандард Банка имал депозит – заштеда во износ којшто значително повеќекратно го надминува највисокиот депозит во Банката.

За прашања кои се предмет на интересирање на јавноста, како и за проверка на информации коишто се во моја надлежност можете да се обратите не електронска адреса [email protected].

Back to top button
Close