ВИДЕО: Ставревски најави дека ќе се вештачат снимките од камерите за да се види дали Мицкоски бил во ресторанот

Началникот на СВР Скопје, Ристе Ставревски кој е присутен пред уготителскиот објект од каде излезе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицксоки, вели дека се чека судска наредба која е побарана од БЈБ, за обезбедување на ДВР снимачите од безбедносните камери на објектот, пренесе А1он.

Ставревски рече дека треба да се докаже дека Мицкоски бил во затворениот дел на угостителскиот објект и ако е така да се поднесе кривична пријава.

“Секторот за внатрешни работи не го води ова, дека во понатамошната постапка најверојатно ќе се вклучиме. Се чека обезбедување на наредбата. По обезбедување на наредбата ќе се влезе. Ќе ги вештачиме DVR, безбедносните камери и дали воопшто внатре како што се вели дека има лица. Ќе влеземе и ќе видиме дали внатре има или нема лица. Тоа е оној доказен материјал кој треба да се обезбеди. Директорот мене ме информираше дека дал наредба да се обезбеди целиот објект. Најверојатно, два, три влеза колку и да се. Јас кога сум правел претреси, се обезбедува од сите страни. Да се докаже, презумција за невиност за се има. Не можам јас да коментирам нешто што не сум видел, кога сум слушнал од допрен глас. Да видиме, да провериме дали е навистина така или не е така. Ако е така секој ќе си одговара, тука нема што да полемизираме или да разговараме”, рече Ставревски.

Пред објектот се уште се чека судска наредба за проверка на објектот и дали внатре има некој, пред угостителскиот објект е и еден од сопствениците кој одби да се претстави.

Back to top button
Close