Официјален Париз демантираше дека Гуаидо се крие во нивната амбасада во Каракас

Франција денеска го демантираше тврдењето на венецуелските власти дека лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо се крие во нивната амбасада во Каракас. Венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареас утринава изјави дека Гуаидо се наоѓа во француската Амбасада, три дена откако претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, навести дека неговиот политички ривал се „крие“ во дипломатска мисија.

– Хуан Гуаидо не е во француската резиденција во Каракас. Ние неколку пати тоа им го кажавме на венецуелските власти, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Франција, Агнес фон дер Мил.

Ареас кажа дека венецуелските правосудни власти не можат да влезат во просториите на амбасадата на друга земја и да извршат апсења.

Министерот на тој начин одговори на прашањата во врска со престојот на Гуаидо во француската Амбасада, како и на опозиционерот Леополд Лопез во шпанската Амбасада. сд/

Back to top button
Close