Ја нападнал со тврд предмет и ѝ нанел повреди на својата сопруга

Од МВР информираат дека жена од Прилеп пријавила во ОВР Прилеп дека била физички нападната во семејниот дом од страна на нејзиниот сопруг.

Според МВР, на 5 мај во 14:00 часот, таа пријавила дека сопругот С.К. употребил тврд предмет при нападот и ѝ нанел повреди.

По пријавата се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.

Извор: skopje1.mk 

Back to top button
Close