Абази како обвинител ќе треба да решава за дедо му во случајот „Беса транс“

Првиот инспектор за транспорт Руфат Хусеини е татко на сопругата на Ислам Абази, новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Хусеини бил дел од системот кој дозволувал автобусите на „Беса транс“ да влегуваат во домашен и меѓународен сообраќај без соодветна контрола, јави ТВ Алфа.

Во сообраќајната несреќа на автобус на „Беса транс“ лани во ноември во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани.

„Сега зетот Абази ќе треба да докажува каде се пропустите на надлежните институции затоа што ‘Беса транс’ си тераше бизнис беа дозволи и зошто станицата за технички преглед во Сарај, каде автобусот добил зелено светло, со низа нерегуларности не била затворена. Лиценците и сертификатите ги издава Министерството за транспорт, но за нивна контрола е задолжен државниот инспекторат за транспорт чиј директор во време на несреќата беше Руфат Хусеини. Инспекторот по несреќата на ретките настапи пред јавноста наместо да објасни, се чудеше како автобусот ги минувал границите, а немал лиценца“, јави ТВ Алфа.

Откако Абази беше прогласен за прв обвинител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, се дозна дека и неговата сопруга, односно ќерката на Руфат Хусеини, е кандидатка во Академијата за судии и обвинители. Тоа значи дека таа наскоро треба да стане обвинителка или судијка

Back to top button
Close