Адвокатот на Палевски за Телма: Ме замоли да го однесам во Белград на преглед, не знаев ништо за убиствата

Го однел Палевески во Белград на преглед затоа што немал возило и не знаел дека е одговорен за убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жеровски. Вака адвокатот Васко Стојков во телефонски разговор за Телма објаснува зошто бил со Палевски кога тој избегал од државата.

Ме замоли да го однесам во Белград бидејќи немал возило а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото. Јас врска немав за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград, кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ќе те однесам. Не знаев за овие работи. Се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да има преглед другиот ден и рече ако е се во ред ќе се врати назад. Ако не е во ред, рече ќе одел во Истанбул. Кога се вратив полицијата праваше претреси, ме прашаа и тогаш им кажав, вели адвокатот Стојков.

Откако разбрал за што е осомничен Палевски, адвокатот Стојков му пратил порака да се врати и да даде исказ, затоа што станува збор за сериозна работа. Дали и каков одговор добил не сакаше да открие, рече дека сѐ кажал во полиција, но од тогаш повеќе нема контакт со Палевски, кому освен што му бил адвокат во одредени случаи биле и пријатели.

Стојков објаснува дека имал добра намера да му помогне и после сѐ се чувствува злоупотребено.

 

Back to top button
Close