Адвокатот Туфегџиќ ќе предложи соочување на таткото на Вања со полициските началници
Според она што имавме прилика да го слушнеме, полициските началници постапувале без конкретни стандарди и процедури за постапување. Едноставно се раководеле по некои свои лични чувства и согледувања.
Ова денеска го изјави бранителот на таткото на Вања, адвокатот Владимир Туфегчиќ по рочиштето за убиството на Вања и Панче во Кривичен суд во Скопје.