Џафери: Немам намера да навлегувам во „гостилницата“ на Мицкоски


Немам намера да навлегувам во „гостилницата“ на Мицкоски, вели собранискиот спикер, Талат Џафери за денешните обвинувања од страна на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој на конференција за новинарите го обвини дека Собранието го претворил како своја „гостилница“.
Обвинувањето се однесуваше на обидот за разрешување на пратеникот на БЕСА Фадил Зендели од Комисијата за избори и именувања.
-Сите претставки треба да дојдат по институционален пат до мене, преку протоколот на парламентот, рече Џафери вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.