Африканските земји бараат истрага за расизмот во САД и во светот

 Африканската група земји во Советот за човекови права на Обединетите нации подготви нацрт-резолуција, со која, доколку се донесе документот, ќе побара меѓународна истрага во врска со систематскиот расизам врз Африканците и луѓето со африканско потекло во САД и другите делови на светот.

Иницијативата доаѓа по неодамнешните убиства на Афроамериканците во САД, а нацрт-резолуцијата може да послужи како основа за расправа на утрешната итна седница на Советот за кршење на човековите права, систематски расизам, полициска бруталност и насилство врз учесниците во мирните антирасистички демонстрации.

Предлог-резолуцијата бара истрага од истражната комисија на Советот за да се изведат сторителите пред лицето на правдата, но не е јасно колку има поддршка за ваквиот потег.

Пред две години, американскиот претседател Доналд Трамп нареди повлекување на САД од тоа тело на ОН, кое го обвини за пристрасност кон Израел и за прием во членството на земји што, како што рече, систематски ги кршат човековите права.

Back to top button
Close