Агелер: Довербата во правосудството е шокантно ниска. Работете за луѓето, дајте отпор на политичките притисоци

Судскиот совет треба да го следи законот и да даде отпор на политичките притисоци, бидејќи државата има добро изработени закони и искусни обвинители и судии, смета американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер. На Конференцијата за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет, Агелер порача дека тие треба да ги следат препораките на Оценската мисија, бидејќи како што рече, довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска.

– Судскиот совет е важно оружје коешто е потребно за вистинско трансформирање на правосудството во Северна Македонија, во една институција којашто им служи на своите граѓани, којашто ги штити невините и ги казнува оние кои сметаат дека се над законот, истакна амбасадорката.

Агелер вели дека Судскиот совет треба да го следи законот и даде отпор на политичките притисоци, затоа што, Македонија има добро изработени закони, како и искусни обвинители и судии.

– Северна Македонија има добро изработени закони, добро опремени институции и искусни обвинители и судии, а повеќето од нив и патувале и имале размени со САД. Па се поставува прашањето како да почнеме да го надополнуваме оној јаз или недостиг на доверба на оние на кои треба да им служиме. Пораката јасна и не се менува. Работете ја работата којашто треба да ја работите. Следете го законот, работете за луѓето, дајте отпор на политичките притисоци, заштитете го својот интегритет и прифатете ја транспарентноста. Напорната работа веќе започна и гледаме напредок. Сега дозволете ни да ви помогнеме да стигнете уште понапред на својот пат, рече Агелер.

Back to top button
Close