Ахмети не сака ни да слушне за заминувањето на Тачи од Европскиот Фронт, се обидува да го врати назад

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, се уште не го известил претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за неговото заминување од Европскиот фронт.

Како што пренесува порталот на албански јазик од Скопје, Лидери.мк, оваа информација ДПА ја пушти само преку медиумите во полуофицијална форма, за да ја тестира реакцијата на ДУИ и Европскиот фронт, пред да ја донесат конечната одлука за нивно заминување.

Но, партиски извори за порталот Лидери.мк велат дека Ахмети не сака ни да слушне за заминувањето на ДПА и Тачи од Европскиот фронт.

Додека во јавноста почнаа да кружат шпекулации за тоа кои функции ќе и припаднат на ДПА во извршната власт, откако ја веќе гледаа како дел од Владата, дознаваме дека Ахмети со сите сили се обидува да ја врати во Европскиот Фронт и ДПА како партија, и Тачи како пратеник.

По заминувањето на Мендух Тачи се очекуваше Европскиот фронт да остане со 17 пратеници.

Ова се насетува и од денешниот прес на пратеничката на ДУИ, Рина Ајдари, која инсистира дека Фронтот сеуште има 18 пратеници, што значи дека во своите редови се уште го вбројуваат и Тачи.

“Пратеничката група на Европскиот фронт работи со полн состав“, изјави Ајдари.

И од ДПА потврдиле дека Тачи останува во комуникација само со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Back to top button
Close