Ахмети: Влегоа како голтари, станаа милионери, ја украдоа државата – ајде да видиме кој и колку украл

Обраќајќи се денеска на конференцијата „100 дена скандали, понижувања и неуспеси“ организирана од Европскиот фронт, лидерот на ДУИ Али Ахмети порача да се организира ветинг за да се види кој колку украл.

„На земјата и треба ветинг, ајде повелете да направиме ветинг, ВМРО, ВЛЕН, ВРЕДИ, сите што сте, СДСМ, ајде да направиме ветинг. Ајде да отвориме истрага за приватизацијата во последните 30 години. Албанците исклучени, дискриминирани на еден наци-фашистички начин од секое учество во приватизацијата на државата, ајде да го отвориме. Ајде да отвориме истрага, за сите функционери и потеклото на нивното богатство, „не им стиска“, затоа што влегле како „голтари“ а се направија милионери и милијардери. Повелете, тука сме. 4 години застарува во архивата законот за ветинг, влеговме ние во сите овие процеси, вака се гради демократијата, вака се гради стабилноста, а не да се предизвикуваат граѓаните еден против друг, Македонците против Албанците. На крајот на краиштата, стабилноста и клучот за иднината е во рацете на двете најголеми етнички заедници, албанската и македонската. Нека не играат „мајтап“ со големи работи, се контестира законот за јазици, „не отворај стари рани брате“, не го кревај на небо од гроб…..затоа што нема да излезе на добро работата“, изјави Ахмети

извор: Тв21

Back to top button
Close