Акционерите на „Луфтханза“ го прифатија планот за финансиска помош на германската Влада

Акционерите на „Луфтханза“ денеска изгласаа германската Влада да преземе 20-процентен удел во компанијата, отворајќи го патот за доделување девет милијарди евра државна помош за кризата што пандемијата на коронавирусот ја погоди најголемата германска авиокомпанија, јави ДПА.