Акциска контрола во угостителски објект во Штип, приведено едно лице, пронајдена дрога
Полициски службеници од СВР Штип во содејство со инспекциски служби од Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи, по претходно изготвен план, вчера и денес (02/03.05.) во периодот од 22:00 до 01:00 часот извршиле акциска контрола во угостителски објект во Штип.
– Во објектот е затекнато 17 годишно малолетно лице од Штип кое што во угостителскиот објект консумирало алкохолен пијалок, за што ќе следат соодветни поднесоци. Исто така при контролата од страна на полициските службеници кај лицето А.С. (29) од Струмица посетител на објектот е пронајдена и одземена една зипер кесичка со Н.Н. бела прашкаста материја, лицето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно чл. 215 од КЗ на РСМ, соопшти денеска МВР.
Воедно, како што се наведува во соопштението, утврдено е дека обезбедувањето на угостителскиот објект ја извршувала дејноста без потребните лиценци утврдени со закон, а пак од страна на инспекторите од Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи констатирани се недоследности од нивна надлежност за што изречени се соодветни мерки.