Активисти за заштита на животната средина го блокираа сообраќајот во Берлин
Климатските активисти од групата „Последна генерација“ денеска, како што најавија, се собраа на голем дел од улиците во Берлин, па сообраќајот во најголемите делови на градот беше блокиран.
– Сообраќајот беше блокиран на околу 30 места во градот каде што активистите или се залепија на патиштата или се собираа во групи на улиците, се вели во соопштението на полицијата.
Како што дополнително беше соопштено, над 500 припадници на полицијата излегле на терен и ќе се обидат да го одблокираат сообраќајот.
Групата „Последна генерација“ минатата недела најави дека од понеделник „масовно ќе ги блокира“ улиците во Берлин. Помали акции беа спроведени веќе минатата недела.
Целта на активистите за заштита на животната средина е да ја принудат германската Влада да го забрза усвојувањето на мерки кои би го забавиле глобалното затоплување и климатските промени.