Активни четири пожари

 

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 19:00 часот вечерва се регистрирани 10 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, а шест се изгаснати.

Активни се пожарите во Општина Чашка – планина Мукос, с.Степанци кон м.в.Кадиица на граница помеѓу општина Чашка и Општина Долнени и жариште Ораов Дол према Кадиица каде гори мешана шума, во Општина Долнени – село Дреновци над Манастирот каде е зафатена мешана нискостеблеста шума, во Општина Теарце – муслимански гробишта, село Теарце, каде горат сува трева и нива, како и во Општина Гостивар, населба Фазанерија, каде е зафатена сува трева.

Изгаснати се пожарите во Општина Гази Баба – село Смиљковци, во Општина Чучер Санедево – Качанички пат, База на Гранит, во Општина Сарај – село Крушопек, во Општина Штип – полигон Криволак и стрелиште Пенуш (АРМ), во Општина Струмица – село Банско и во Општина Куманово – село Никуњане. Во овие пожари биле зафатени сува трева, ѓубриште, нискостеблеста шума и депонија.

Back to top button
Close