Албанија повторно на Арбитражен суд, ја тужи германската компанија која има концесија за дел од пристаништето Драч
Германска компанија ја тужи албанската влада пред Арбитражниот суд за спор поврзан со концесијата на пристаништето Драч.

Обвинението доаѓа од германската компанија EMS Shipping & TradingЕМС која го регистрирала случајот на 7 април, а тоа го потврдува и известувачот на арбитражата за инвестиции.
Во 2013 година компанијата го добила правото на договор за концесија да работи во затворениот терминал на пристаништето Драч, за товарење и истовар на бродови.
Жалбата на германската компанија се однесува на преместувањето што ќе се изврши на карго терминалот во Порто Романо, по потпишувањето на договорот со компанијата „Алабар“ од Дубаи за трансформација на пристаништето. Според нив, со новиот договор, не е сигурно продолжување на концесиската дејност на ЕМС, наведува Ора њуз.
Компанијата ЕМС има уште околу 25 години од 35-годишниот договор, додека нејзината добивка во 2021 година е пресметана на околу 1,3 милиони евра.
-Ова обвинување доаѓа неколку дена по конечната одлука на Арбитражата за обесштетување од албанската влада до италијанскиот бизнисмен
Francesco Becchetti, кој треба да добие обесштетување од 110 милиони евра. По ваквата одлука Рама предупреди дека Албанија нема да врши никаква исплата, а земјата ќе ја напушти надлежноста на овој Суд, додава телевизијата.
Според медиумите по одлуки на Арбитражниот суд, Албанија на поединци и компании треба да плати 1,5 милијарди евра.






