Албанскиот државен и политички врв го честитаа Денот на независноста на САД
Албанскиот државен врв како и лидерот на опозициската Демократска партија, денеска упатија честитки до САД по повод Денот на независноста, во кои се искажува благодарноста за „незаменливата поддршка на САД за Албанија и Албанците“
Претседателот Илир Мета во честитката до американскиот претседател Доналд Трамп ја пренесе решеноста на Албанија да биде покрај Соединетите држави со цел да биде во служба на заедничкиот интерес на две пријателски нации.
„Годинава се одбележува 244-годишнината од независноста на Соединетите држави, едно заедничко наследство на слобода и одбележување на патувањето, како и жртвите на големиот американски народ што ја направија оваа нација толку силна и просперитетна. Вашите претци многу добро ја знаеја цената на слободата, затоа што тие ветија дека ќе ги дадат своите животи, нивната судбина и нивната света чест за да прогласат независност, како и да ги заштитат правата дадени од Бога ,наведува Мета.
Според него, овие стабилни темели „ и денес остануваат главни принципи на постоење демократски нации“.

Откако високи ги оценува односите меѓу двете државаи и подршката на САД за Албанија и Албанците посакува взаемните врски да бидат уште посилни бидејќи,како што вели, се радуваме на нашето благословено пријателство.
Албанскиот премиер Еди Рама,кој денес го слави 56-от роденден, видео честитката ја почнува со зборовите „Среќен роденден Америка. Бог да ги благослови САД“.
Тој цитира пораки на повеќе американски претседатели и лидери, а посебно ја издвојува пораката на Џорџ Буш за време на посетата на Тирана, каде ја пренесува подршката за прогласувањето на незвиснота на Косово.
Пораката Рама ја завршува со цитат од Џон Кенеди: „не прашувај што татковината направила за тебе,туку што ти си направил за твојата татковина“ и на Мартин Лутер Кинг „Јас имам еден сон“.
Лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша, го честита празникот и постира фотографија од приемот на амбасадорката Јури Ким, организиран по повод Денот.
„Благодарност на амбасадорката Јури Ким за топлото гостопримство. Благодарам на луѓето и на вашата влада за незаменливата помош и поддршка во овие тешки времиња. На сите наши американски пријатели: Среќен 4 јули! Бог да ја благослови Америка и Бог да ја благослови Албанија, наведува Баша.
Денот на независноста на САД ја честитаа и лидери на повеќе политички партии.





