Албанските социјалисти и демократите на Алибеај се договорија за измени во Законот за декласификација на досијеата на ШИК

Пред почетокот на новата собраниска сесија, по годишните одмори, денеска координаторите на пратеничките групи во албанскиот законодавен дом, се договорија едно од првите прашања што ќе се најде на дневен ред е тоа за декласификација на досијеата на поранешната албанска тајна служба – ШИК.

-Во работниот календар, како проритет, се ставени нашите законски иницијативи за ставање крај на политичката кариера на политичари кои биле соработници на поранешната Државна безбедност, за што поддршка добивме од пратеничката група на Демократската партија, предводена од Енкелејд Алибеај, потврдуваат од владејачката Социјалистичката партија.

Триесетгодишната дебата за поранешните досиеја за безбедност беше повторно активирана во последните недели од јули откако Управата за досиеја испрати писмо до собранието во кое се наведува дека познат висок политичар со иницијали И.М. соработувал со поранешната државна безбедност. Веднаш потоа беше објавено дека станува збор за поранешниот претседател Илир Мета, кој пак постојано негира дека соработувал со поранешната тајна служба.

Според социјалистите со измените во законот за декриминализација, целта е да се исчисти албанската политика од шпиони.

Во еден од членовите на постојниот закон се додава став кој предвидува дека „соработниците или фаворизираните лица на поранешното државна безбедност не смеат да се кандидираат или да бидат избрани за пратеници во Собранието на Албанија, за градоначалник или советник во советот на општината, и во никој случај не можат да добијат функција со гласање од Собранието“.

Исто така се предлага и измена на актуелниот Закон за политички партии со кој не се дозволува раководење на политичка партија од лидер со досие во државната безбедност или прогласен за „нон грата“ од друга земја

Back to top button
Close