Али Ахмети еден премиер за сите – ДУИ ја почна парламентарната кампања

“Еден премиер за сите“, е еден од трите слогани со кои Европскиот фронт предводен од ДУИ ќа ја води кампањата за парламентарните избори, информира на Фејсбук вицепремиерот Артан Груби. Европскиот фронт ја почнува кампањата за парламентарните избори денеска од хотелот „Александар палас“ каде ќе ги претстави кандидатите за пратеници.

Слоганот „Еден премиер за сите“ е дополнет со фотографија од лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Вториот слоган под кој Европскиот фронт ќе го води изборниот караван е веќе познатиот „НЕ на Русија, ДА за Европа“ и третиот „Економски рамковен договор“, што пак, е еден од десетте столба на изборната кампања на претседателскиот кандидат на Европскиот фронт Бујар Османи.

Османи, кампањата ја води под слоганот „Европски претседател

Back to top button
Close