Алкалоид избори полуфинале во Европскиот куп

Ракометарите на Алкалоид вечерва испишаа историја со пласман во своето прво европско полуфинале.

Во салата Автокоманда во Скопје, домаќините забележаа победа против Баја Маре од Романија со 32:25 во реваншот од четвртфиналето во ЕХФ Европскиот Куп. По нерешените 31:31 во Романија, со вкупни 63:56 избраниците на тренерот Кире Лазаров се пласираа во полуфиналето на третото по квалитет европско клупско натпреварување.

Најдобар стрелец на натпреварот беше Александар Петковски со седум гола, додека голманот Иван Галевски одбрани девет топки.

Овој историски успех добива поголема вредност ако се знае дека на двете средби Алкалоид играше без повредениот Марко Митев, еден од најдобрите во тимот.

Во следната фаза противник на Алкалоид ќе биде Рунар Сандерфјорд од Норвешка.

На досегашните осум натпревари сезонава во ЕХФ Европскиот Куп, македонскиот претставник има седум победи и едно реми.

Back to top button
Close