Јамал ​​самоуверен: Ние сме фаворити за освојување на Лигата на шампионите

– Барселона игра одлично во последно време, а главен придонес за нивните добри резултати е одличната форма на напаѓачкото трио на каталонскиот тим.

Малкумина очекуваа напаѓачите на Барса да играат добро оваа сезона. Рафиња практично беше на излезна врата, клубот сакаше да се ослободи од него, но тој блесна и придонесе многу. Се очекуваше Левандовски да се „пензионира“, а Јамал, ​​иако зад себе имаше одлично Европско првенство, не се очекуваше да има одлична сезона.

Јамал ​​беше еден од предводниците на Барселона до одличен резултат во Лигата на шампионите, а оцени дека неговиот тим е главен кандидат за освојување на трофејот во ова натпреварување.

-Ние сме фаворити за освојување на Лигата на шампионите сега кога Ливерпул е аут, рече Јамал, додавајќи: „Не се плашиме од ниту еден тим, ние сме семејство. Не сме истиот тим како лани против ПСЖ“.

Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите игра против Борусија Дортмунд и ќе биде јасен фаворит.

Back to top button
Close