Амазон ќе инвестира две милијарди долари за „зелена економија“

 Компанијата „Амазон“ најави дека ќе инвестира две милијарди американски долари во проекти насочени кон борба против климатските промени, како и засилување на напорите за намалување на јаглеродниот траг на технолошкиот гигант.

Фондот за клима (ЦПФ) ќе ги поддржи напорите на компаниите во многу сектори за „олеснување на транзицијата кон економија со нула јаглерод“, се наведува во соопштението на „Амазон“.

– Иницијативата ќе се стреми да инвестира во визионерски претприемачи и иноватори кои градат производи и услуги за да им помогнат на компаниите да го намалат отпадот од јаглерод и да работат поиздржливо, рече основачот и извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос.

„Амазон“ соопшти дека е предвидено да работи на 100 отсто обновлива енергија до 2025 година. Покрај тоа, ќе има повеќе од 100.000 електрични комбиња за испорака за да ги замени возилата на бензин.

Новиот фонд ќе инвестира во компании од различни индустрии, вклучувајќи транспорт и логистика, производство на енергија, складирање и употреба, производство и материјали, кружна економија и храна и земјоделство.

Back to top button
Close