Амбасадорите на ЕУ се договорија за преговарачки рамки за Украина и Молдавија

Амбасадорите на ЕУ начелно се договорија за преговарачките рамки за пристапните преговори на Украина и Молдавија, соопшти денеска белгиското претседателство со Советот на ЕУ, јави ДПА.

Нивната одлука треба да биде формално финализирана на министерскиот состанок на ЕУ следната недела.

Првично, земјите од ЕУ всушност сакаа да разговараат за 14-тиот пакет санкции кон Русија на нивниот состанок, но Германија претходно изрази загриженост за плановите, кои сè уште не се решени.

Договорот за почеток на пристапните преговори со Украина и Молдавија, сепак, е важен знак, особено за Киев.

Ова се случува еден ден пред почетокот на мировната конференција во Украина во Швајцарија, со цел да се добие најширока можна меѓународна поддршка за украинскиот мировен план со целосно повлекување на Русија од украинската територија, наведува германската агенција.

Back to top button
Close